„Новинарот“ и министерката Јаневска во фокусот на јавноста - Се огласија од фелата

Министерката за образование Весна Јаневска повторно се најде во фокусот на јавноста по изјава дадена при вчерашната посета на Тетово.

На новинарско прашање дали со себе води преведувач, Јаневска одговори дека тоа не ѝ е потребно.

„Не ми треба. Не знам кому му треба преведувач за во Македонија да знае македонски јазик“, изјави министерката. 

По вторпат на министерката Јаневска новинар ѝ бара да шета со преведувач за да може да ја прашува. 

Осуди на сметна на таканаречениот новинар пристигнаа од голем број новинари од фелата затоа што токму „новинарот“ од Тетово на министерката ѝ се обрати со „ти“. 

- Факти:

1.Тетово е во Македонија, точка.

2. Во Тетово официјален јазик е македонски, точка.

3. "Ти кажавме министерке кога ќе дојдеш во Тетово да си земеш преведувач" е чаршиски муабет, за пред коперација, не за јавен настап на новинар пред камера, точка, сподели новинарката Искра Коровешовска. 

- Срамно е однесувањето на оној кој ѝ поставува прашање на министерката Јаневска во Тетово. Нема да кажам новинар, оти очигледно има уште многу да учи за тоа да стане, но таман и никогаш да не стане, не мора да е новинар за да има нешто што се вика елементарно домашно воспитување и пристојност во комуникацијата. Тоа е неопходно за сѐ во животот, било приватно или не. Но, фактот што се нормализира отсуството на култура во јавниот комуникациски простор е особено загрижувачки, порача новинарката катарина Синадиновска. 

- "Ти кажавме кога ќе дојдеш Тетово да земаш преведувач". Не е проблемот само во некултурата, неперсирањето и безобразлукот! Ова е и закана! Кои се бре тие што кажуваат?! Да, требало колегите да реагираат (ако не реагирале), оти после сите сме во еден кош! - гласи коментарот на новинарката Емилија Лазаревска.