
Новинарката Сашка Цветковска со критика кон локалната власт на Град Скопје откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска достави иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев - Ќосето.
- Јаки приоритети има Арсовска. Небитно е тоа што градот се распаѓа, што гниеме во ѓубре, не јадат инсекти, инфраструктурата е очај, јавните услуги исто, што паднало не станало (пример запалени мостови) итн итн. Срамно, штетно и заостанато е ова поведение, коментира новинарката Цветковска.