Нови вработувања во градинките во Карпош

Нови вработувања во градинките во Карпош  ќе овозможат зголемена грижа за децата, а општината се обрзува на подобрување на условите за престој во сите градинки.

„За градинката "Орце Николов", во Карпош 3 предвидуваме повеќе санации. Ја следиме и заложбата на МТСП за изградба на градинки во руралните делови. Изградивме целосно нова градинка во Бардовци, која ќе овозможи згрижување, едукација и социјализација за децата од овој дел на Карпош“, вели градоначалникот Стефан Богоев.