НОВИ ВРАБОТУВАЊА: Почнува со работа фабриката „Гранд Експорт Скопје“ во Илинден

Во Индустриската зона во Илинден, денеска ќе почне со работа фабриката за кроасани „Гранд Експорт Скопје“. На отворањето ќе присуствува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Гранд-Експорт Скопје“ е дистрибутерска компанија присутна на домашниот пазар 24 години, која сега отвора нова фабрика за производство на кроасани.

Се работи за приватна домашна инвестиција во висина од 6,5 милиони евра. Фабриката е изградена на простор од 6 илјади м2 и во неа имплементирана е најсовремена опрема и технологија.

Со отворањето на фабриката вкупниот број на вработувања во компанијата ќе достигне 200 лица