Нови улици во Стар Аеродром

Општина Аеродром се подготвува да гради комунална инфраструктура и нови улици во Стар Аеродром, на дел од улиците „Пандил Шишков“ и „Вангел Тодоровски“.

Проектот опфаќа изградба и на комунална инфраструктура и асфалтирање на улицата „Новопроектирана 2“ со пристапни улици, како и изградба на пристапните улици „2“ и „4“ на улицата „Методија Шаторов Шарло“ (поранешна „Руди Чајавец“). Таму е планирано да се инсталира и електрична мрежа за јавно осветлување. 

Општинарите процениле дека за ова ќе потрошат околу 22 милиони денари. 

new nike air max 2019