Нови светлосни сообраќајни знаци поставени на неколку локации во Скопје

На крстосниците на улицата Никола Карев со булевар Трета Македонска Бригада и на улицата Ѓорче Петров со Сремски фронт се поставени нови семaфароски столбови со светлосни сообраќајни знаци за пешаци, информираа од Град Скопје во насока на подобрувањето на условите во сообраќајот и зголемување на безбедноста на пешаците. 

 Исто така, нов светлосен сообраќаен знак за пешаци е поставен и на булеварот Крсте Мисирков на пешачкиот премин кај Бит-пазар.

Поставувањето на светлосните сообраќајни знаци е за поголема видливост на пешачките премини и зголемена безбедност во сообраќајот, порачуваат надлежните.