Нови светлосни сообраќајни знаци на улица Цветан Димов

Екипи на ЈП „Улици и патишта“ дeновиве поставија два нови светлосни сообраќајни знаци на улица Цветан Димов.

Поставувањето на светлосните знаци е за поголема видливост на пешачките премини и зголемена безбедност во сообраќајот, а поставувањето ќе продолжи и на други градски сообраќајници.