Нови садници низ зеленилото во градот

На повеќе локации во градот, изминатиов период екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ извршија садење на млади садници.

Липа, платан и декоративна сребрена елка се дел од дрвјата со кои се уредија повеќе зелени површини во Скопје. Оваа акција на садење листопадни и зимзелени садници низ постоечкото зеленило, како и надополнување на местата каде e потребно, се дел од активностите на планираното уредување на зеленилото и животната средина.