Нови рестриктивни мерки од утре, ќе се зголеми ли полицискиот час?

Курир дознава дека од утре ќе бидат воведени нови рестриктивни мерки во Македонија поради сериозната состојба со коронавирусот.

Неофицијално, според информациите на Курир, до Владата ќе се предложи зголемување на полицискиот час. Наместо како досега од 22 часот, полицискиот час ќе започнува од 20 часот.

Следна мерка која неофицијално ќе стапи на сила од утре е затворањето на угостителските објекти.

Во текот на денот се очекува прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче.