Нови подови во „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“

Општина Аеродром заврши со реконструкцијата на подовите во основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“.

Старите подови во училниците и кабинетите се заменети со нови еластични ПВЦ-подови, а Општината за овој проект издвои околу два милиона денари од сопствениот буџет.

Училиштето „Лазо Ангеловски“ со сопствени средства го реконструираше и подот во холот на училиштето.

Исто така, во наредниот период ќе се изврши и рехабилитација на покривот на училиштето „Лазо Ангеловски“ во рамките на проектот на Министерството за образование и наука, при што се планира отстранување на салонитот од покривната конструкција и негова замена со друг соодветен материјал.