Нови паркови и зелени површини во Карпош

Повеќе делови од општина Карпош ќе бидат хортикултурно уредени, е договорено на денешната средба на градоначалникот Стефан Богоев и директорот на „Паркови и зеленило“ Адријан Муча и оперативниот директор на претпријатието Игор Вељаноски.

Планирано е хортикултурно да се уреди потегот спроти хотелот „Карпош“ на улицата „Шекспирова“, да се  разубави делот околу Драмскиот театар и редот кај „Тинекс“ маркетот во Карпош 2, ново зеленило ќе има на потегот долж булеварот „8 Септември“, како и делот од спротива, а ќе се разубави и потегот на ул. Љубљанска, поточно, зеленилото спроти кафе барот „Чаптер“.

– Имаме шанса да добиеме нови „бели дробови“ не само за Карпош, туку за целиот град. Нашата намера е да започнеме со изведба на содржинскиот дел од паркот и веќе добивме грант од Светска банка за оваа намена, но потоа, целосно да го уредиме и продолжението на овој потег, за што ни е потребна поддршка од страна на ЈП „Паркови и зеленило“ и градските власти, истакна градоначалникот Богоев.

На средбата станало збор и за изградба на Спортско – адреналинскиот парк кој ќе биде лоциран долж Кејот на Вардар, од вештачката карпа до бунарите на рeката Лепенец.

air max 90 essential sale