Нови паркинг места во Ново Лисиче

Жителите на зградите што се наоѓаат во непосредна близина на паркот „Нирнберг“ ќе добијат обновен паркинг-простор со 30-ина нови паркинг-места, соопшти Општина Аеродром.

„Општината деновиве работи на средување на паркингот со бекатон-плочки, како дел од тековните активности за одржување на паркиралиштата, пешачките патеки и тротоарите што се под нејзина надлежност. Населбата Ново Лисиче неодамна доби околу 50 нови паркинг-места со проширување на веќе постојните паркинзи на три локации во непосредна близина на булеварот Видое Смилевски-Бато“, велат од Општина Аеродром.

Тековното одржување, додаваат оттаму, опфаќа заменување на старите и дотраени бекатон-плочки на јавните и пешачките површини на ниво на целата територија.