Нови напади од улични кучиња, три лица биле искасани

Вчера биле пријавени три каснувања од улични кучиња во Скопје.

Во 09.40 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Д.(42) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека на бул.„Србија“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 10.10 часот во Полициската станица Центар, С.М.(53) од Скопје пријавила дека на кеј „Димитар Влахов“  била касната од куче скитник.

Додека во 11.15 часот во Полициската станица Центар, Д.Ш.(22) од Скопје пријавил дека на ул.„Филип Втори Македонски“ бил каснат од куче скитник.