Нови млади костени повторно ја красат Рузвелтова

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“, на улица „Рузвелтова“ во Скопје, засадија нови млади дрвца од костени. 

-На местото на сувите пенушки, со засадување на 34 нови садници го дополнивме постоечкиот дрворед од костени, по кои е препознатлива оваа скопска улица. На овој начин ги негуваме и се грижиме и за традиционални обележја на Скопје - велат од ЈП „Паркови и зеленило“: