Нови лизгалки и лулашки за децата од Градски sид

На барање и во договор со жителите, општина Центар комплетно ги реконструираше детските игралишта во четири сегменти на Градски ѕид. Нови реквизите се поставени на игралиштата  во блок број 5 – Индијанско маало, блок број 4 – позади „Просветно дело“, блок број 3 – позади хотел „Бристол“, во близина на ООУ “Гоце Делчев“ и блок број 2, позади „Автомакедонија“.

„Децата сега можат да уживаат во современо изработените дрвени реквизити- лизгалките, платформите, клацкалките и лулашките. Платформите се врзани меѓу себе со мостови и скалила, а лизгалките се со различна големина, во зависност од возраста на децата.
Водејќи особено сметка за безбедноста на децата, игралишта се изведени со гумени подови, кои воедно се хигиенски и лесно се чистат“, се вели во соопштението од општината.

Поставена и дополнителна урбана опрема, клупи и канти за отпадоци.

Наредни игралишта кои ќе добијат нови реквизити, современ под и ќе бидат во весели детски бои се игралиштата во Пролет, на улицата Цицо Поповиќ и кај Т.Ц. „Зебра“ во Капиштец.