Нови јакни, кабаници за дожд и носачи за бебиња од општина Центар за социјално загрозените семејства

Градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ, заедно со вработените во општинската администрација на семејства со висок социјален ризик, деновиве им подели 230 нови зимски јакни и 70 носачи за бебиња, што ќе ги затоплат во студените зимски денови, а се донација од УСАИД, информираат од Општината.

Оттаму соопштуваат дека лицата од службите кои ја одржуваат хигиената и ги расчистуваат улиците од снежните наноси во општината, добиле 100 нови кабаници (наметки за дожд) за полесно справување со врнежите на дожд и снег.

Во рамки на општината веќе функционира проектот „Нула глад“ со невладината организација Банка за храна – Македонија, но и двата адаптирани простори во соработка со јавното претпријатие „ПОЦ“ во катната гаража „Судска палата“, каде се згрижуваат бездомници, се наведува во соопштението од Општината.