Старите подовите во училниците и кабинетите на основните училишта „Љубен Лапе“ и „Лазо Ангеловски“ се заменуваат со нови еластични ПВЦ подови.

-За оваа намена издвоивме околу 2 милиони денари од општинскиот Буџет. Дополнително, се реконструира и подот во холот на ОУ „Лазо Ангеловски“. Условите во училиштата се исклучително важни за квалитетен образовен процес, а нивното подобрување останува наш приоритет, вели градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.