Нови детали за злоупотребите на поранешниот директор на СОЗР, се претставувал како новинар и го користел владиниот авион

Откако Управата за финансика полиција поднесе кривична пријава против поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на Владата, Пеце Мирчевски, јавноста открива нови детали за неговото несовесно работење.

Мирчевски во 2022 година се претставил дека е новинар и се потпишал на документ каде тој заедно со уште петмина исто така нарекувајќи ги новинари присуствувал на заедничка седница помеѓу владите на Македонија и Бугарија. За таа цел за сите шест лица платени се шест еднокреветни соби со полн пансион да ја следат седницата и да известуваат за истата.

Освен оваа злоупотреба Мирчевски на своите патувања за приватни цели го користел и владиниот авион кој е во сопственост на СОЗР, пренесува Фокус.

Кривичната пријава за Пеце Мирчевски се однесува за сторени кривични дела: примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата, а за сопственик на фирма од Скопје поднесена е пријава за сторено кривично дело - давање поткуп.