Нови детали за убиството на докторката во Клинички центар

Полицијата се сомнева дека сопругот го извршил убиството на лекарката од Клиниката за нефрологија чие тело синоќа било најдено во близина на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, дознава МКД.мк од извори од МВР.

Телото на Ј.М.С. (53) од Скопје, лекарка и професорка на Медицинскиот факултет, синоќа било најдено со повреди од нож во вратот и по телото, како и со исечени вени.

МВР за денеска најавува повеќе информации за ова убиство.