„Новавакс“ од јануари ќе има вакцина против омикрон

„Novavax Inc.“ денеска соопшти дека во јануари 2022 година ќе може да почне со комерцијално производство на вакцината против Ковид-19, што ќе биде ефикасна против новиот сој на коронавирусот – омикрон, во време кога ги изведува тестирањата дали нејзината сегашна вакцина делува против оваа варијанта.

Британските медиуми пренесуваат дека лабораториските податоци што се очекуваат во следните неколку недели ќе покажат дали антителата на лицата кои претходно ја примиле вакцината на „Новавакс“ можат да ја неутрализираат новата варијанта, соопшти компанијата.

„Новавакс“, исто така, соопшти дека почнала и со развојот на антиген на  шилестиот протеин, што е специфичен за омикрон, и  дека за неколку недели ќе почне и со лабораториски тестови на новата вакцина на новиот сој на коронавирусот.

Другите производители на вакцини за коронавирус, Модерна и Фајзер, исто така, почнаа да работат на производство на вакцина против Ковид-19 што е ефикасна против омикорн варијантата на коронавирусот.