Новата зграда на ПУИК готова до крајот на годинава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес заедно со директорот Цветко Грозданов изврши увид во градежните работи на новата зграда на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката, некогашно ПУИК, која треба да биде готова до крајот на оваа година.

Зградата која е енергетски ефикасна, има приземје, шест ката и поткровје со вкупна површина од 7220 метри квадратни.

Оваа ќе биде прв ваков објект за ПУИК и ќе биде од огромно значење како за вработените во претпријатието.