Новата велосипедска патека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ претворена во паркинг

Булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доби нова велосипедска патека, која веднаш беше „пренаменета“ во бесплатен паркинг од страна на возачите на автомобили.

- Имајќи ги предвид досегашните искуства со постоечките вело ленти во градов (бул. Св. Климент Охридски, Центар, ул. Московска, Тафталиџе, ул. Борис Сарафов, Ѓорче Петров и други), кои поради големиот простор помеѓу две заштитни столбчиња, овозможуваат косо паркирање возила на велосипедската лента, евидентно е дека надлежните не водат сметка за лошите/нефункционални пракси од минатото и истите ги повторуваат, реагираат од „НаТочак“.

Од „НаТочак“ побараа реакција од надлежните служби за решавање на проблемот.