Во текот на претстојната недела, почнувајќи од утре, па се до крајот на неделата, нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североисточните и источните делови на Европа. Овој ладен бран ќе биде релативно сув, без снежни врнежи, што значи дека нè очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено во понеделник и среда.
До крајот на денот, како и во текот на ноќта кон утрешниот ден, ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд, додека на планините над 1500-1600 метри надморска височина ќе има слаби врнежи од снег.
Во Скопје и околината, од утре па во текот на целата седмица, ќе се почувствува значителен пад на температурите. Особено во понеделник и среда повремено ќе дува засилен северен ветер. До крајот на денот, како и во текот на ноќта, ќе има услови за повремен послаб дожд.
Температури и временска прогноза
Во текот на неделата, времето ќе остане суво и студено, со повремено засилен северен ветер.