Новата регионална телевизија, Канал Визија, внесува јасен фокус во информирањето на граѓаните

Како локален канал кој започна со работа пред 10 години со навремено, точно, објективно и непристрасно работење сега расте на ниво на Регионална телевизија задржувајќи ги истите принципи на функционирање.

Свеченото отворање на новото поглавје на Канал Визија се одржа на 20 јуни 2018 година со видни гости и соработници од цела Македонија.

Канал Визија ќе остане телевизија која е искрена кон сопствената цела, а тоа е навремено, точно, објективно и непристрасно информирање задржувајќи го фокусот кон отворениот граѓански концепт т.е. клучен да е гледачот – граѓанин. Со ваков начин на работа, Канал Визија како дигитална телевизија ќе ја покрива територијата на Прилеп и општините Кривогаштани и Долнени со услуга понудена на над 100.000 жители. Воедно, телевизијата емитува 24 часа дневно, 7 дена во неделата и ја има на сите кабелски оператори во регионот. Во продукција на Канал Визија се опфатени информативни, економски, културни, спортски и забавни случувања од регионот.

Телевизијата ќе остане отворена и десетгодишното искуство ќе го преточи во комуникацијата со надлежните институции, на локално и централно ниво, сѐ со цел да создаде информација која ќе биде достапна и од суштинско значење за секој граѓанин.