Новата ковид-мапа на Европа помалку црвена од претходната недела

ECDC на Твитер ја објавија новата ковид-мапа на Европа, во која влегуваат податоците од земјите членки на ЕУ. 

Иако нема значајни промени, може да се забележи дека во опасно црвената зона се само неколку земји, додека поголемиот дел од Европа е во портокалово-црвена зона, која и понатаму е опасна, но е забележано подобрување во изминатиот период. 

Ситуацијата во Италија не се промени. Најчесто се наоѓа во портокалова зона, а некои делови се во црвената зона – Сицилија, Сардинија, Калабрија.