Новата година не тргнала како што треба: Скопјанец пријавил дека сопругата го натепала на 1 јануари

Полициски службеници од СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со двајца сопружници, откако 37-годишниот маж пријавил дека на 01.01.2026 бил нападнат од неговата четири години помлада сопруга.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (05.01.2026) полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.