Иако до пред некој ден имавме доста високи дневни температури кои наликуваат на пролет, сепак есента овие денови си ги покажа своите заби. Ниски и дневни и ноќни температури, а на повисоките места имаме дури и снег. 

Веќе сме при крај на месец ноември и полека ќе навлеземе во декември. Не очекува месец со ниски утрински температури, кои речиси секој ден ќе бидат под нулата, а дневната температура нема да достигне повеќе од 10 степени. 

Облачно време, проследено со дожд ќе биде она што можеме да очекуваме во месец декември. Мало провејување на снег може да очекуваме на 12 и 13 декември, како и веднаш во јануари. Се очекува Новата година да ја дочекаме со снежна покривка.