Нова забавна игра на среќа на Државна лотарија

 

Државна лотарија со задоволство најавува нова игра за забава и добивки, овојпат во вид на бонус игра за учесниците во игрите на среќа Лото 7 и Џокер коишто своите среќни броеви ги уплаќаат преку веб страната  www.loto.mk.

Можноста за учество е веќе отворена и ќе трае заклучно со 12 март. Во тек на овој период, секоја седмица, во лото емисијата, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто ќе биде поканет да биде специјален гостин во телевизиското студио на Лото 7. Гостинот, во живо, ќе врти тркало на среќата со можност да освои парична добивка со вредност од 50 000, 100 000 или 150 000 денари. Согласно правилата на бонус играта, гостинот не може да си замине дома без добивка или со добивка помала од 50 00 денари.

Право за учество во бонус играта има секое полнолетно лице коешто во периодот на нејзиното времетраење ќе изврши уплата за игрите на среќа Лото 7 и Џокер преку веб страната www.loto.mk (по претходна регистрација). Од базата на податоци секоја среда, почнувајќи од 27 октомври, ќе се извлекува по еден од онлајн учесниците којшто своите среќни броеви ги уплатил во период – од среда 19:01 часот заклучно со  следната среда (до 19:00 часот). Едно неделно коло на бонус играта опфаќа две кола Лото 7/Џокер. За учество во бонус играта доволна е и една онлајн уплата во тек на една седмица, а едно исто лице не може да добие различни ID-броеви доколку повеќепати учествува. Со внимание кон сите правила за безбедно и одговорно приредување на оваа бонус игра, Државна лотарија извлекувањето ќе го реализира по електронски пат со помош на генератор за случаен избор на броеви и во присуство на комисија. Извлекувањето ќе се одвива во ТВ емисијата, името на извлечениот гостин ќе го видиме на екранот, а истиот ќе биде уредно контактиран врз основа на неговите податоци внесени во апликацијата при регистрација. Нашиот гостин ќе го очекува навистина забавен престој во студиото на Лото 7, дружење и време за паметење и секако добивка до 150 000 денари.

Во тек на бонус играта секој којшто учествува ќе добие еднаква шанса да биде извлечен, а неговото учество ќе му дари единствено искуство да биде специјален гостин во судиото на Лото 7, да го заврти тркалото на среќата и да добие 50 000, 100 000 или 150 000 денари.

Ги покануваме сите коишто играле и уплаќале Лото 7 и Џокер, а досега не се регистрирани за учество преку страната www.loto.mk, да ја искористат оваа можност со којашто добиваат и комодитет на игра и уплата од дома или од кое било друго место, а секако и безбедност во време на корона-вирус и во време на други вируси и настинки. 

Ги покануваме и сите коишто досега воопшто и не размислувале да учествуваат во игрите Лото 7 и Џокер, да ја отворат нашата веб-страна и да си ги отворат можностите за радост и изненадување, со само 20 денари за комбинација и само 5 минути оддвоено време.  

Нашите игри на среќа менуваат животи, не само за добитниците туку и за сите оние коишто се крајни корисници на општественоодговорните цели во коишто се инвестира со секоја нова уплата.

Повеќе податоци на www.loto.mk