Нова водоводна мрежа во Влае

ЈП Водовод и канализација – Скопје пристапи кон изработка на проектно техничка документација за изведба на нова водоводна линија по дел од ул. „Влае“ и ул.„Франц Прешерн“ во Влае, во согласност со ДУП-от за овој дел од градот.  

Со оваа изведба, старата поцинкувана мрежа со дијаметар од 51мм ќе се замени со нова водоводна мрежа од дуктилно лиени железни цевки со дијаметар од 100мм што би значело изградба на водоводна мрежа со соодветен профил и материјал.

Со новата  водоводна мрежа ќе се овозможи и оформување на циркулационен  прстен со цел подобрување на водоснабдувањето за корисниците од овој дел од град Скопје. 

Инвестицијата на ЈП Водовод и канализација – Скопје за изведба на овој проект е во вредност од околу 7.206.660,00 денари, известува директорот Душко Весковски.