Нова водоводна мрежа од околу 1000 метри во Бардовци

Нова водоводна линија е изведена во Бардовци, во должина од околу 1000 метри. ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје најавуваат дека ќе продолжи  инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната и канализациската мрежа.

Од јавното претпријатие информираат дека континуирано работат на одржување, подобрување и обнова на водоводната и канализациската мрежа во градот Скопје, со цел, како што велат, задоволување на потребите на корисниците.

– Изградбата и поврзувањето на новата водоводна линија во должина од околу 1000 метри со полиетиленски цевки со дијаметар од 110мм и 90мм во Бардовци е дел од активностите кои се предвидени со инвестицискиот циклус за обнова и подобрување на водоводната мрежа за корисниците во град Скопје, вели во пишана изјава Душко Весковски, генерален директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.