Нова вежбална: Почнуваат тренинзите на Аплинистичкиот клуб Матка

Првиот тренинг за качување во новата вежбална на Алпинистичкиот клуб Матка ќе се одржи денеска во 19 часот, во хангарот број 7 во основното училиште „Партенија Зографски“ во Кисела Вода спроти Шампионче, на улица Мишко Михајловски.

Сите заинтерсирани може да дојдат со патики за качување.

Новиот простор нуди услови за комплетен болдер тренинг, кој со своите најразновидни елементи овозможува соодветна подготовка за реални ситуации при качување на карпа.