Нова вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација и ЛЕД улично осветлување во Дебар Маало

Општина Центар заврши со поставувањето на вертикална сообраќајна сигнализација, на сите пристапни и сервисни улици под нејзина надлежност во населбата Дебар Маало.

Веднаш по завршувањето на поставувањето на вертикалната сигнализација, започнавме со обележување на хоризонталната сообраќајна сигнализација на улиците, пешачките премини и останатите сообраќајни површини заради поголема видливост.

Со ова ја зголемуваме безбедноста на пешаците, велосипедистите и корисниците на други видови алтернативен сообраќај и им даваме нов лик на улиците во Дебар Маало.

Покрај ова, Општина Центар започна и со замена на старото улично осветлување со ново, енергетски ефикасно ЛЕД осветлување.

Првите светилки се поставени на улиците „Антоние Грубишиќ“ и „Коле Неделковски“. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период, со поставување на ЛЕД осветлувањето и во другите делови на Дебар Маало.