Нова велосипедска патека кај Соборениот храм

Град Скопје и Општина Центар почнаа со градежни работи за реконструкција на тротоарите на улицата Даме Груев и на дел од булеварот Партизански одреди спроти Соборениот храм.

Овде ќе бидат изведени нови велосипедски патеки во должина од 1.350 метри, ќе се ослободат тротоарите и нема да има паркирање по должина на булеварот, со што ќе се овозможи непречено движење на велосипедите и пешаците.