Нова услуга на УЈП „Закажи средб@“

Правата за јавни приходи востанови нова услуга  „Закажи средб@“ која може да се користи он-лајн или преку Инфо центарот на УЈП.

Новата услуга на УЈП, во моментов е достапна само за користење на даночните услуги на Регионалната дирекција Скопје, а ќе биде задолжителна од 1-ви Мај 2018 година.

- Даночните обврзници со седиште во Скопје и кои се администрани во Регионалната дирекција Скопје, а кои претходно ќе закажат термин за средба со даночен агент преку „Закажи средб@”, ќе имаат предност во однос на останатите обврзници при добивањето на услугите во УЈП, велат од Управата..

Со услугата „Закажи средб@“ се овозможува да се  закаже термин за остварување на средба со даночни агенти во Регионалната дирекција Скопје, во време кое му одговара на даночниот обврзник, а со цел консултација за прашања кои се однесуваат на: општи информации (рокови, начини за пријавување и плаќање даноци и др.); отворање на бизнис и регистрација на даночен обврзник; консултации за издадени даночни документи; утврдување на даноци; постапки за наплата на долгови и правни прашања.

За да закажете средба повикувајте го Инфо центарот (0800 33 000 или 02/3253 200) или направете го тоа он-лајн преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk, која овозможува пристап до услугата „Закажи средб@“.