
Продолжува градежната офанзива низ Гази Баба. Започнаа градежни активности за целосно асфалтирање на значајна улица во населеното место Булачани. Оваа интервенција е дел од сериозната инфраструктурна програма што се реализира со несмалено темпо во текот на летниот период, информираше во текот на вчерашниот ден градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски.
Градежните активности опфаќаат ново асфалтирање, се со цел подобра безбедност за учесниците во сообраќајот и подобрена комуникација меѓу жителите.
„Летото во Гази Баба е работно – со повеќе од 50 проекти кои се планирани за реализација во сите делови на општината! Од изградба и реконструкција на улици и тротоари, преку нови детски катчиња и спортски зони, до модернизација на водоводната и канализационата мрежа – работиме на сите полиња, истакна Стефковски во својата објава на социјалните мрежи.