Нова станбена зграда никнува во Карпош

Уште една нова станбена зграда никнува на територија на општина Карпош. Таа ќе се гради на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Тафталиџе, близу маркетот Веро, дознава Фактор

Одобрението за градење е издадено во ноември годинава. Во близина на оваа зграда во последниот период се изградија и други згради за живеење, меѓу нив, и таа на градежната компанија Настел која има прилично голем број станови.

Од општината велат дека ДУП-от за овој дел од Карпош односно таму каде што се наоѓа маркицата е донесен од претходниот состав на Советот на општината или составот од 2013 до 2017 година, што значи дека е важечки.

Деновиве е актуелно прашањето за изградбата на објекти и забраните кои ги ставаат општините па градежниците имаа поплаки. Сепак некои градежни работи не се запрени.