Нова „шок-глетка“ од центарот на Скопје - Каков впечаток ќе добијат туристите кои прв пат доаѓаат?

По неодамнешните реакции музичките изведувачи на Камениот мост во центарот на Скопје, нов „шок“ од строгиот центар на главниот град. 

Имено, вчера на социјалните мрежи, критики пристигнаа од сите страни за мажот кој се капеше во фонтаната на плоштадот. 

- Стварно не разбирам зошто се толерира такво однесување во центарот на државата?! И не мислам само на „капачот“, туку и сите оние „музиканти и танчари“. Па добро бе Град Скопје толку ли не ти е гајле секој еден што ќе дојде во СК, каков впечаток ќе добие за Скопје, за Македонија?! - праша на „X“ еден твитерџија. 

Граѓаните бараат редари кои ќе вопостават ред во центарот за градот, кој  несомнено е првото лице на Скопје кое го гледаат туристите! 

Подоцна на социјалните мрежи се појавија информации дека лицето кое се капеше во фонтаната е бесдомник е ментално болно лице. Како и да е, надлежните институции треба да превземат соодветни мерки, согласни се скопјани.