Нова шанса за Томи - си заминува од „Лајка“ и добива дом каков што заслужува

Томи конечно замина од „Лајка“ и доби нешто што долго го немаше – свој дом.

фото: ЈП ЛАЈКА - Скопје

Кучето, кое почетокот на животот го поминало во нехумани услови, затворено во плакар и лишено од слобода, движење и нормален живот, сега има можност да започне одново.

Од „Лајка“ ја споделија радосната вест, посочувајќи дека некои вдомувања се посебни поради животот што кучето го оставило зад себе и поради тоа што сега знаат каков живот го очекува. За Томи, тоа значи простор за движење, игра, грижа и луѓе кои избрале да му дадат дом. Од живот во кој бил затворен и лишен од основните услови за нормален живот, тој сега добива можност да живее како што заслужува секое куче.

Во „Лајка“ и натаму чекаат голем број кучиња на својата шанса за нов дом. За оние кои не се во можност да вдомат куче, постојат и други начини да помогнат – преку привремено згрижување, но и преку прошетка со куче од прифатилиштето, во времетраење од еден или неколку часа. Таквото време поминато надвор од боксовите може да значи многу за животно кое поголемиот дел од денот го поминува затворено.