Нова сензорна соба за дечиња со попреченост во ООУ „Тихомир Милошевски“ во Ѓорче Петров

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информираше дека во завршна фаза е изградбата на современа сензорна соба, простор кој ќе овозможи подобри услови за работа и поддршка на дечињата со попреченост.

„Покрај оваа значајна инвестиција, во истото училиште во брзо време ќе се реализира целосна промена на старите подови во училниците, со површина од 165 м², како и поставување на нови врати. Овие активности се дел од нашата заложба за унапредување на условите за образование и благосостојба на учениците“, напиша Стојкоски.