Нова реклама за Скопско: За народот, за Македонија, за нас!

Новата реклама на Скопско е за нас. За нашите градови и села, за келнерот и за нашите другари, љубови и изгрејсонца..за ората - стројни, радосни и младосни.

Преку нарацијата на Сашко Коцев, Скопско во прво лице говори за моментите во кои сите се препознаваме и сме ги доживеале. Низ патриотските и националните чувства ги раскажува навиките на македонскиот народ и традицијата на ова парче земја.

Скопско оваа земја не би ја менувал за ништо. Да сме живи и здрави!