Нова пресметка помеѓу екипите на Металург и Вардар

Вардар утре (среда, 4 мај) ќе го игра одложениот натпревар од 3. коло во плејофот од македонското ракометно првенство, против големиот ривал Металург.

Натпреварот ќе се игра во големата сала во „Јане Сандански“, со почеток во 19.00 часот. Правдата ќе ја дели битолската судиска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски.

Вардар е апсолутен фаворит за титулата, но Металург е тимот кој се издвојува од останатите, затоа очекуваме возбудлив и интересен натпревар.