Нова премиера во кино Милениум

Од денеска на репертоарот на кино Милениум, воената акција, приказна за спасувачка мисија во срцето на пеколот - воената Либија.

13 ЧАСА: ТАЈНИТЕ ВОЈНИЦИ ОД БЕНГАЗИ

На 11 септември 2012 година, исламистичките милитанти го напаѓаат конзулатот на САД во Бенгази, Либија. Во нападот е убиен амбасадорот Џ. Кристофер Стивенс и Шон Смит, канцелар за надворешни работи. На помалку од една милја е сместен тимот специјалци, поранешни војници, обучени за заштита на оперативците и дипломатите во градот. Кога ќе стане крајно опасно, шест војници ќе имаат храброст да го направат тоа што изгледа невозможно – да ги спасат останатите 36 американски животи.