Нова постојана поставка во Националниот археолошки музеј во Скопје

Нова постојана поставка ќе биде отворена вечер во Националниот археолошки музеј во Скопје, соопштуваат од оваа установа.

На свеченото отворање најавени се обраќања на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот за култура и туризам Зоран Љутков.

Нашето културно наследство ќе биде прикажано на уште подостапен, интерактивен и инспиративен начин, посочуваат од Националчниот археолошки музеј.

Поставката ќе биде отворена во 19 часот.