Нова пешачка патека и ново осветлување од Волково до Орман во скопско Ѓорче

Во скопската општина Ѓорче Петров се гради нова пешачка патека во должина од 1800 метри и се поставува ново улично осветлување од Волково до Орман. 

- Со изградбата на нова пешачка патека од 1800 метри и ширина од 1.4 метри, која ќе го поврзе ООУ „Јоаким Крчовски“ со село Орман, решаваме децениски проблем!  Зголемена безбедност за нашите жители и учениците, за уште поголема безбедност, поставуваме ново улично осветлување на 1400 метри од оваа траса, порача градоначалникот Александар Стојкоски. 

- Со оваа инвестиција од 7000 000 денари не само што ги заштитуваме нашите ученици и жители, туку создаваме и повеќе можности за спорт, рекреација и здрав живот! Вашата безбедност и благосостојба се наш приоритет! - додава првиот човек на општината.