Нова опрема за комуналното претпријатие во Петровец

Во Општина Петровец вчера беше промовирана нова комунална опрема со која ќе се подобри работата во комуналното претпријатие, но и ќе се зголеми хигиената во општината.

Општина Петровец на комуналното претпријатие Петровец му додели камион за собирање на смет и машина за пробивање на канализациона мрежа со висок притисок.

Притоа беше извршено и целосно реновирање на Противпожарниот Дом каде е сместена администрацијта на јавното комунално претпријатие.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5.800.000 денари, средства кои се обезбедени од Буџетот на Општина Петровец.