Нова одлука: Србија воведува задолжителни ПСР тестови за македонските државјани

На предлог на институтот за здравје, српската влада се очекува утре да донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји ќе им потребен ПСР тест за влез во државата. На листата на земји се наоѓа и Македонија, одлуката ќе започне да важи од утре, а тестот не треба да биде постар од 48 часа.

Според изјавата на Дарија Кисиќ, заменик директор на Институтот за јавно здравје од оваа обврска се исклучени српските државјани кои влегуваат на територија на Србија. Дополнително, таа изјави и дека почнувајќи од утре престанува обврската на граѓаните на Црна Гора да поседуваат ПСР тест при влез во Србија.

Bеста на својата фејсбук страна ја објави и здружението на професионални превозници „Макам транс“ кое информираше дека според првичните информации со оваа одлука нема да бидат опфатени професисоналните возачи, но истите за 12 часа мора да транзитираат од државата.