Нова населба за млади ќе никне во скопско Ѓорче, ќе има и ослободување од комуналии

Нова населба за млади ќе никне во скопско Ѓорче Петров. Истата ќе се простира на површина од 80 000 метри квадратни, на државно земјиште. Овој проект го најави актуелниот градоначалник и кандидат за уште еден мандат Александар Стојкоски. 

- Поддршката за младите брачни парови во Ѓорче со ослободување од плаќање на комуналии за градба до 100 метри квадратни на куќи. Реални мерки за нашата иднина, порача тој.