Нова нагорна велосипедска патека на Водно

Сите љубители на велосипедизмот, рекреативци и спортисти, од сабота ќе може да уживаат на новата нагорна велосипедска патека на планината Водно. Новата Пионерска патека е долга 3.432 метри.

Официјалното отворање на патеката се најавува за 03.10.2020 година (сабота) на средно Водно со почеток во 12 часот.

Претходно, сите велосипедисти се поканети да учествуваат на натпревар што ќе стартува во 10 часот од полициска станица Водно. Учеството е бесплатно, а на следниот линк може да се пријавите: www.prvdovrv.mk/velovodno