Нова мерка: Младите до 27 години два викенда во месецот со бесплатен железнички превоз

Младите лица од викендов кој следува ќе можат бесплатно да го користат железничкиот превоз.

Со новата мерка бесплатен викенд за млади до 27 години која ја најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски,  од денес секој прв и трет викенд во месецот ќе можат бесплатно да патуваат со возови ширум Македонија.

Мерката беше започната во 2014-та година и досега важеше само во третиот викенд од месецот, а сега се надогради и младите добиваат уште еден викенд за бесплатно користење на железничкиот превоз.

Груевски денес потенцира дека младите лица можат да ја користат мерката во посочените викенди почнувајќи од петок на пладне до понеделник до 12 часот.

-Тоа е една извонредна можност затоа што оваа мерка која досега ја воведовме покажа дека 52.000 млади лица ја искористиле можноста и заштедиле околу 18 милиони денари. Тоа е голема заштеда за младите лица, тоа се лица кои не располагаат со големи средства затоа што се во време на развој, учење, студирање. Многу од нив се уште не се вработени, па зависат од нивните родители. Кога на нив ќе им се овозможи такво нешто, тоа за нив е доста значајно и ја зголемува нивната мобилност, нивното движење и им прави сериозни заштеди, рече Груевски.