Нова македонска ТВ-серија “Македонија”

“Македонија” е наслов на новата македонска ТВ-серија во продукција на “Јадран филм”.

Како што посочуваат во соопштението, се работи за специфична љубовна приказна, каде главен актер е американски продуцент кој доаѓа во Македонија за да прави серија за Македонија и притоа се бори со своите дилеми, влијанија и препораки од разни страни како серијата би можела, требала и смее да изгледа …

Неколку пати после неколку тешки удари на проектот, скршен за кратко решава да се откаже, но сепак на крај ја завршува серијата…

“Ние ја снимивме првата сезона од серијата која ги промовира темелните човекови вредности. Тоа е љубовна приказна која во себе носи благородна порака на љубов и надеж! Серијата на која се работеше скоро две години веќе е дистрибуирана на голем број светски пазари и ќе биде гледана низ целиот свет. Објавувањето на спотот е првиот чекор што го правиме во презентација на играната серија “Македонија” пред јавноста и во транспарентен процес ќе ги надминеме сите предизвици со кои се соочивме и се соочуваме за време на подготовките и снимањето на првата сезона од серијата”, се наведува во соопштението на Јадран филм.